Фирмите губат 50 милиони евра од невратен ДДВ од странство

Bez autora
Jul 12 2011

Домашните компании, поради недоволната информираност или сложените процедури, многу малку ја користат можноста за враќање на данокот на додадена вредност (ДДВ) од странство иако по оваа основа годишно може да заштедат вкупно 50 милиони евра. Македонското законодавство во овој сегмент е усогласено со европското, повратот на ДДВ може да го реализира од сите земји-членки на Европската Унија, како и од државите на поранешна СФРЈ. - Со поврат на ДДВ стопанството може да заштеди значителни средства или околу 7 отсто од вкупниот извоз. Ако македонскиот извоз годишно е 3,5 милијарди евра, 7 проценти би биле 245 милиони - рече Мирко Винцетиќ, застапник на швајцарската фирма „Кеш банк“ за услуги и поврат на ДДВ. Стапките на ДДВ во државите на ЕУ се од 17 до 25 отсто, што практично значи дека со враќање на данокот од странство се заштедува една петтина од трошоците.

Фирмите губат 50 милиони евра од невратен ДДВ од странствоДомашните компании, поради недоволната информираност или сложените процедури, многу малку ја користат можноста за враќање на данокот на додадена вредност (ДДВ) од странство иако по оваа основа годишно може да заштедат вкупно 50 милиони евра. Македонското законодавство во овој сегмент е усогласено со европското, повратот на ДДВ може да го реализира од сите земји-членки на Европската Унија, како и од државите на поранешна СФРЈ.

- Со поврат на ДДВ стопанството може да заштеди значителни средства или околу 7 отсто од вкупниот извоз. Ако македонскиот извоз годишно е 3,5 милијарди евра, 7 проценти би биле 245 милиони - рече Мирко Винцетиќ, застапник на швајцарската фирма „Кеш банк“ за услуги и поврат на ДДВ.

Стапките на ДДВ во државите на ЕУ се од 17 до 25 отсто, што практично значи дека со враќање на данокот од странство се заштедува една петтина од трошоците.

Како што објасни Винцетиќ, рефундацијата на ДДВ се врши врз основа на разни трошоци на име услуги, како хотелско сместување, саеми, конгреси, семинари, котизации, членарини, патарини, гориво, деловни забави, адвокатски услуги, услуги за реклама, за лизинг, обработка и доработка на производи. Покрај ДДВ платен за услугите, може да се рефундира и ДДВ платен на увозот на работа под услов да е пресметан и искажан во фактурата.

Роковите за поднесување барања за поврат на данок на додадена вредност во поголемиот број земји на ЕУ се шест месеци по истекот на календарската година (за 2010 крајниот рок е 30 јуни 2011). Исклучоци се Белгија и Холандија (ретроактивно наназад три години).

Од повратот на ДДВ особена корист би имале банките, мобилните оператори, компаниите што се занимаваат со увоз/извоз и транспортните фирми. Винцетиќ информира дека „Кеш банк“ отвора канцеларија и во Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik